Судот одби да го ослободи Морина од притвор, се чека одлуката за екстрадиција

984

Основниот кривичен суд го одби барањето за пуштање од притвор на Томор Морина, потврдуваат од судот.

За неговата екстрадиција сѐ уште нема одлука.

Морина беше уапсен на 24 јули на „Блаце“, а наредниот ден му беше одреден притвор. Тој е уапсен врз основа на потерница од Интерпол на барање на Србија поради сомнение за учество во воени злосторства против цивилното население на Косово.

Морина е косовски државјанин, а Србија побара екстрадиција, на што јавно се спротивставуваат и високи владини функционери како вицепремиерот Бујар Османи и заменик-министерот во МВР Агим Нухиу кои бараа и да го посетат во притвор, но судот не им дозволи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...