Првото бебе посвоено од Анџелина Џоли сега е возрасен млад човек и вчера стана полнолетен.
Медокс Џоли Пит стана син на познатата актерка кога го посвои во 2001 година, а деновиве станува бруцош на Универзитетот Јонсеи во Сеул, Јужна Кореја.
Медокс ќе се раздели од својата мајка и ќе стане студент, а Анџелина е многу горда, бидејќи одлучил да студира биохемија во Јужна Кореја, откако заедно посетиле неколку факултети.
Медокс е роден во Камбоџа, а презимето Џоли Пит го доби во 2006 година, на барање на Бред и Анџелина, откако на светот му објавија дека ќе го добијат своето прво биолошко дете, а дека Бред ќе ги посвои Медокс и Захара, двете сирачиња кои актерката ги посвои пред да го запознае Пит.