Романтичниот обид на еден фармер овие денови на Фејсбук наидува на исмејување, но и на прозивки за злоставување на животните.
Една жена од Сингапур ја споделила фотографијата од необичното запросување, во кое досетливиот маж прстенот го ставил на вимето на кравата, после што, очекувано, почнала лавина од коментари.
„Оваа личност е фармер, но тоа не е изговор за неговиот лош избор. Ако моите очи морале да страдаат поради оваа глупост, сакам сите да страдате со мене“, напишала покрај фотографијата на која прстенот е ставен на вимето на кравата чекајќи ја својата идна сопственичка.
„Кравата ова не го заслужила“, напишала една корисничка на Фејсбук, а друга додала: „Ова спаѓа во злоставување на животните.“ „Ова навистина е одвратно!“, „Ова е нешто најлошо што сум видел во животот!“, се ределе негативните коментари.
Засега не е познато дали запросувањето со помош на кравата донело резултати и како девојката реагирала на ова несекојдневно изненадување.
FOTO: Fesjbuk/Printskrin