Прваче во Виетнам почина откако 9 часа било оставено во школски автобус

275

Шестгодишно дете било најдено мртво во училишен автобус во главниот град на Виетнам, Ханој, откако во него било оставено цели девет часа, соопшти денеска училиштето, пренесе ДПА.

Ле Хоанг Лонг, првооделенец во Интернационалното Гетавеј училиште, во Ханој, вчера попладне бил пронајден во бесвесна состојба во училишниот автобус, соопштија од училиштето.

Детето веднаш било пренесено во болница, но набрзо потоа починало.

Лонг во автобусот бил девет часа откако утрината не успеал да се симне со другите деца, а во текот на целиот ден надворешната температура во Ханој била над 30 степени Целзиусови, информира локалниот сајт Vnexpress.ol.

Учителките во школото изјавиле дека Лонг седел во последниот ред од училницата и не бил забележан дали пристигнал во школото.

Случајот предизвика остри реакции низ цел Виетнам, со осуда на училиштето за смртта на детето.

Полицијата ги истражува околностите за смртта на шестгодишниот Лонг.

Фото: VnExpress/Duon Tam

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...