Ким: Новото лансирање ракети е предупредување за воените вежби на САД и Јужна Кореја

68
ФОТО: EPA / KCNA

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за најновото лансирање тактички наведувани ракети, од пред два дена, изјави дека постапката е предупредување за заедничките воени важби на САД и Јужна Кореја, пренесе државната севернокорејска агенција КЦНА.

Ким кажа дека тоа беше „можност да се упати адекватно предупредување за заедничката воена вежба на двете земји, што се уште е во тек, пренесоа британските медиуми.

Северна Кореја во понеделеникот ноќта повторно на двапати истрела неидентификувани проектили во морето, соопшти претходно јужнокорејската војска.

Јужнокорејската војска соопшти дека проектилите биле лансирани од северозападаниот брег на Северна Кореја и дека го прелетале копното пред да слетаат во источните севернокоресјки води, пренесоа американските медиуми.

ФОТО: EPA / KCNA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...