Форлан ја заврши кариерата

142
ФОТО: EPA / Rodrigo Jimenez

Поранешниот напаѓач на уругвајската фудбалска репрезентација Диего Форлан, објави дека се повлекува од професионалниот фудбал.

Последниот тим за кој настапуваше Форлан, беше Хонг Конг Китчи.

– Не беше лесно да се донесе оваа одлука, но сите знаат дека еден ден ќе треба да престанат да играат фудбал професионално. Неодамна добив понуда, но секогаш бев селективен. Имав други приоритети и знаев дека се ближи крајот на мојата кариера – изјави 40-годишниот фудбалер.

Форлан најави одржување проштален натпревар во Уругвај.

ФОТО: EPA / Rodrigo Jimenez

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...