Трамп ја тужи Калифорнија поради нов закон за данок

175
Photo: EPA / JIM LO SCALZO

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба против американската држава Калифорнија за донесување нов закон со кој се бара од кандидатите за претседател да објават информации за данок на приходи.

Во тужбата од адвокатите на Трамп поднесена во Сакраменто се нагласува дека новиот статут, кој беше додаден на законот минатата недела, е неуставен затоа што прави нови незаконски правила за тоа кој може да се кандидира за претседателски избори.

Во тужбата се вели дека новиот закон е „политички напад“ врз Трамп.

Републиканската партија поднесе слична тужба против државата Калифорнија.

Новиот закон предвидува претседателските кандидати да ги објават своите информации за данок на приходи во последните пет години за да можат да се кандидираат во Калифорнија, најнаселената држава во САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...