22 изненадувачки навики на луѓето што ја кријат депресијата

Не е доволно само да прашате некого дали е депресивен, туку потребно е да ги барате и скриените знаци, невообичаените навики и постапки на луѓето што ја кријат депресијата.

2783

Депресијата не е нешто што се гледа на прв поглед. Понекогаш, не се забележува додека не е предоцна. Депресијата не е само плачење и тага, туку чувство на постојано отапено чувство кое никогаш не исчезнува, дури и кога човек ќе се вклучи во активностите кои во минатото му причинувале радост.

Како да ја препознаеме? Не е доволно само да прашате некого дали е депресивен, туку потребно е да ги барате и скриените знаци, невообичаените навики и постапки на луѓето што ја кријат депресијата. Погледнете ги следните примери кои можеби ќе ви дадат подобар преглед за тоа што да барате кога се обидувате да ги пронајдете прикриените сигнали, дури и кај оние што не се свесни дека се депресивни.

1. Талент и експресивност
Не е дека тагата и депресијата ќе ве направат поталентиран и повешт човек, но оние кои имаат повисок ризик за депресија во секојдневниот живот најверојатно ќе бидат поекспресивни и почувствителни. Не се знае со сигурност, но ова може да е поврзано со тоа што овие луѓе се толку задоволни од своето расположение и чувства, така што полесно ги примаат негативните емоции. Останатите сметаат дека експресивните луѓе се судат себеси построго отколку луѓето што работат во помалку експресивни професии. Тешко е да се каже.

2. Развиени механизми за самоодбрана
Луѓето што се поподложни да станат депресивни, имаат „подебели ѕидини“ околу своите емоции. Не сакаат другите да знаат дека нешто не е во ред, така што се однесуваат како сè да е во ред за да ги задржат другите околу нив на дистанца. Знаат дека се вешти во криењето на своите чувства и ова го користат како одбранбен механизам за никој да не им поставува прашања. Може да изгледаат многу расположени, раздвижени и живи. Оваа навика е опасна за секој, зашто околината нема да може да ги забележи знаците на депресија и да им помогне, додека не е предоцна.

3. Проблемот на напуштеност
Луѓето со депресија тешко им дозволуваат на другите да им влезат во животот. Ова е зашто не сакаат некој друг да ги види во најлошата состојба. Дури и ако решат за момент да му дозволат некому да им се приближи, ова може да е преголем напор за личноста, па таа не можејќи да издржи да биде во друштво на депресивец, решава да си оди. Ова придонесува депресивецот да почне да верува дека сите на крајот ќе го остават. Уште полошо, депресивецот почнува да верува дека неговата психолошка состојба треба да ја чува во тајност зашто ќе му донесе само одбивање од околината и дека никој нема да сака да се дружи со него.

4. Чудни навики во исхраната
Кога станува збор за исхраната, нема „златна средина“ за оние кои страдаат од депресија. Или јадат премногу, или недоволно. Можеби ќе сакате да забележите нагли промени во телесната тежина или во навиките со исхраната и да интервенирате, додека работите не станале полоши. Причината поради која исхраната е фокусна точка за оние кои страдаат од депресија е поради тоа што не можат да се контролираат. Можат да се обидат да ги игнорираат нападите на глад, или пак, да проголтаат што повеќе храна во големи залаци. Исто така, докажано е дека храната која е нездрава, како онаа полна со шеќер или пржената храна, доведува до поголемо лачење на хормонот на среќата – серотонин во телото. Серотонинот го поткрева расположението и ја намалува анксиозноста и може да стане зависност за оние кои страдаат од депресија.

5. Чудно спиење
Оние кои страдаат од депресија спијат или малку или многу. Причината за ова е што мозокот лачи или премногу или премалку мелатонин, поради тоа што телото е надвор од баланс. Сонот е вториот најважен елемент за добро здравје, без разлика дали се работи за менталното или за физичкото здравје. Но, депресивецот има контрола врз тоа колку ќе спие и ова му дава лажно чувство на моќ барем врз еден елемент кога чувствува дека се друго е излезено од колосек.

6. Премногу размислуваат за сè
Бидејќи луѓето со депресија немаат контрола врз своите мисли, тие секогаш пливаат во море од мисли и емоции, анализирајќи сè додека да дојдат до најдобриот краен резултат. Нивните умови може да бидат помалку хаотични и преполнети, а да не ги забележуваат другите работи што навистина се случуваат во нивниот живот. Ова може да предизвика некои битни работи да се забораваат во нивниот секојдневен живот или дневен распоред. Внимавајте да не им го спомнете ова премногу отворено, зашто може да ретерираат и да се обидат да ги скријат проблемите уште подлабоко под тепихот.

7. Се потпираат врз себе
Луѓето со депресија се потпираат на себе за да ги решат проблемите. Не бараат помош од никого зашто сакаат да имаат чувство на контрола врз ситуациите. Многумина ова го сметаат за позитивна особина, но може да биде погубно за психата на депресивецот. Да се биде потпрен само на себе, сто проценти од времето, доведува до замор. Дури и ако чувствуваат дека завршиле голема работа сами, ова чувство брзо испарува кај луѓето што страдаат од депресија.

8. Секогаш го очекуваат најлошото
Депресивните луѓе секогаш го очекуваат и се подготвени за најлошото можно сценарио. Наместо да се полни надеж и да ја бараат светлината на крајот од тунелот, секогаш го прогнозираат најцрното сценарио. Можеби ќе ви кажат дека се реални, но кога ќе забележите дека секогаш очекувањата им се песимистички, тогаш треба да сфатите дека нешто не е во ред. Можеби е време да седнете да поразговарате со нив, но немојте да форсирате ако не се заинтересирани. Депресивните луѓе често се дефанзивни кога станува збор за нивните чувства.

9. Рутината како лек
Луѓето со депресија си имаат ритуали и навики како обид да ја задржат перцепцијата дека имаат контрола врз својот живот. Дури и ако земаат медикаменти, сепак, како потпора ќе имаат и дневни рутини и навики за да ги поттикнат да се движат во вистинскиот правец. Ова може да бидат секојдневни прошетки во исто време, слушање музика или вежбање. Овие едноставни навики и рутини им помагаат да не пропаднат во своите чувства и им служат како бариера за нападите од мисли кои ги обземаат.

10. „Замачкуваат“ со приказни
Луѓето со депресија не сакаат другите да ја знаат вистината за нив, така што стануваат експерти за „замачкување“ на приказни. Измислуваат приказни за нивното однесување, зошто им се сменил изгледот или зошто имаат лузни на рацете. Ова го прават за да го пренасочат разговорот и оневозможуваат другите да забележат дека им е потребна помош особено ако не знаат на кои знаци да обратат внимание. Исто така, депресивците не сакаат да прифатат дека се во лош период од животот и дека им треба помош.

11. Зголемена перцепција за смртта и животот
Многумина не разбираат дека депресијата не води до самоубиство секогаш. Но, во медиумите за самоубиството се говори најчесто. Но, депресијата ја поместува перцепцијата на човекот за смртта и за животот. Сознанието дека сме смртни најчесто ни доаѓа на ум при кризни моменти или во моменти на очај. Исто така, со промената на расположението овие мисли за смртноста може да доаѓаат и да си одат почесто.

12. Многу се разбираат во супстанции
Ако некој има депресија, тогаш поверојатно е да има сознанија за тоа што се случува во неговото тело при консумација на одредени состојки. Ваквите луѓе знаат дека кофеинот и шеќерот го креваат расположението и кои лекови се добри или лоши за нивното расположение. Знаат кои медикаменти да не ги мешаат со храна за да не предизвикаат несакани ефекти. Ова го сфаќаат како „одговорност“ која не смеат да ја делат со пријателите зашто мора да се грижат за својот сопствен ум.

13. Трагаат по цел во животот
Многумина кои страдаат од депресија постојано трагаат по мисија во животот. Имаат потреба да знаат дека прават нешто вредно, за да чувствуваат дека се движат во права насока. Ова е зашто чувствата на неадекватност и страв се присутни во умот на депресивецот, поради што се стремат кон нешто да ги валидира нивните постапки. Ова е начин да се чувствуваат вредни без да бараат помош од друг.

14. Бараат љубов и прифаќање
Исто како и со барањето мисија и цел во животот, депресивците трагаат и по љубов и прифаќање од оние околу нив. За да им се допаднат на другите, се претвораат во задоволувачи на сечии и секакви потреби. Така ги кријат внатрешните демони. Саакат да им бидат привлечни на другите луѓе и да бидат гледани како пријатели. Не секој знае како да се бори со аждајата наречена депресија, па затоа го кријат тоа за да ги поштедат другите од дискомфорот. Целта не им е да бидат неискрени, туку да ја прикажат најдобрата можна верзија од себе.

15. Нежни крикови за помош
Кога замислувате личност со депресија, си мислите на некој кој сака цело време да биде сам и не сака да зборува со никого. Ова е само делумно вистинито. Депресивците може само привремено да се повлечат од светот но во некои случаи депресијата им станува претешка за да ја носат сами на грбот. Барајте ги и очекувајте ги оние моменти кога ќе се отвроат и кога ќе сакаат да зборуваат за нивните состојби. Ова се најкруцијалните моменти кога бараат помош. Разберете ги но немојте да се гневите. Тоа ќе ги натера да се повлечат и да не сакаат да зборуваат за ова никогаш повеќе.

16. Промени во животниот стил
Ако некој што вообичаено не оди да вежба, одеднаш почне да се вклучува во секакви фитнес групи, можно е да страда од депресија која се обидува да ја скрие на начин што ќе се дефокусира од неа. Вежбањето помага да се лачат ендорфини кои помагаат за целокупната добросостојба на телото. Ова интензивирање на расположението може да ги „навлече“ на вежбање кое ќе го бараат се почесто.

17. Одбегнување
Луѓето со депресија понекогаш може да се одлучат да избегнуваат се, од луѓе места дури и до важни состаноци. Може да се случи да не платат сметка, или да пропуштат час. Депресијата е тешко чудовиште кое може лесно да им ги уништи животите на луѓето. Ако избегнуваат да се гледаат со луѓе или да се занимаваат со некакви активности, полесно им е да се справат со својата состојба зашто не мора никому да му објаснуваат дека не е се во ред. Особено во оние денови кога се им изгледа како премногу, едноставно може да решат да спијат цел ден.

18. Компулсивно однесување
Луѓето кои страдаат од депресија може да почнат да се однесуваат опсесисвно-компулсивно. Повторно, ова е за да добијат чувство на контрола врз својот живот. Можеби ќе се тушираат неколку пати во денот, зашто знаат дека така се релаксираат и се чувствуваат добро, а други може да развијат деструктивни навики, како да си искорнуваат влакна од косата (трихотиломанија). Овие однесувања се тешко забележливи освен ако не поминувате долго време со личноста во текот на денот.

19. За сè зборуваат освен за себе
Последното што сакаат да го прават е да зборуваат за себе. Не сакаат да им признаат на другите дека животот им е помалку од совршен и не сакаат да бидат осудени што не бараат помош. Затоа разговорите ги вртат накај другите а подалеку од себе. Со часови може да ве слушаат како зборувате за својот живот, само за да не се соочат со тоа каков е нивниот. Па уште и ако треба да ги преточат своите чувства во зборови, тоа веќе им личи на преголем напор.

20. Избегнуваат контакт со очите
Поради ниското ниво на самодоверба тие се гледаат себеси како безвредни и неведни за ничие внимание. Затоа на повеќето луѓе им е тешко да воспостават контакт со очите со друг додека разговараат. Гледаат во земја, или во било што друго во просторијата на кое можат да се фокусираат. Полесно им е да се „одделени“ од соговорникот.

21. Реагираат неочекувано негативно
Соочувањето со депресијата може да е искушувачко искуство. Има објаснување за секој дел од вашиот живот, тоа што не сакате луѓето да ја дознаат вистината и се обидувате сами да си помогнете. Ова се наталожува со текот на времето, па на крајот, лицата со депресија рагираат премногу бурно за навидум ситници. Ова не е само лошо расположение, туку сигнал дека некој е оптоварен со многу повеќе проблеми.

22. Си снемува на подолг временски период
Може да исчезнат на подолг или пократок период, или да се затворат дома или да одат на возење со автомобил сами без никому да му соопштат. За да не се распаднат, мораат да се оддалечат од другите и од се. Ако забележите нешто вакво, време е да интервенирате и да проверите дали се е во ред со вашиот близок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...