Полицаец крвнички ја претепал девојката, ужас во Србија

434
БЕСПЛАТНА ФОТО

Триесет и шестгодишен полицаец од Ваљево е осомничен дека крвнички ја претепал својата 41-годишна партнерка. Наводно, тој ја давел, ја удирал со шлаканици, ја трескал од ѕидот, ја влечел по скалите, ја гризел и ја влечел за ушите, откако претходно ја заклучил во својот дом.

Додека таа била во бањата, полицаецот го гледал нејзиниот мобилен телефон, а потоа почнал да ја испрашува кои се машките лица во нејзиниот именик. Дошло до расправија, а таа сакала да ја напушти куќата, кога започнал пеколот.

Полицајците веднаш реагирале и го уапсиле нивниот колега. Жртвата била однесена во Ургентниот центар на Општата болница во Ваљево, каде лекарите ги евидентирале бројните повреди.

Осомничениот се бранел дека не ја ни допрел својата партнерка. Тој тврдел дека во неговата куќа немало никаков контакт меѓу нив. Според него, таа самата си ги нанела повредите за да му се освети, оти сакал да ја раскине врската со неа.

Полицаецот добил притвор до 30 дена, пренесува „Курир.рс“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...