Меган Маркл ја продава куќата во која живеела со поранешниот сопруг, за 1,8 милиони долари

Вилата во Лос Анџелес се продава за 1,8 милиони долари и дава вистински увид во кој стил живеела Маркл.

887
ФОТО: Инстаграм

Војвотката од Сасекс Меган Маркл во моментот живее во новоопремената резиденција Фрогмор Котаж со својот сопруг принцот Хари.

Затоа, таа ја огласила продажбата на куќата во која живеела пред да се пресели во кралските одаи во Англија. Се наведува дека во оваа куќа живеела со претходниот сопруг Тревор Енгелсон.

Вилата во Лос Анџелес се продава за 1,8 милиони долари и дава вистински увид во кој стил живеела Маркл пред да се омажи за принцот Хари.

Куќата во колонијален стил во паркот Ханкок има четири спални соби, три бањи и 210 метри квадратни од вкупната површина.

Продавачот на оваа недвижност вели дека куќата е „преплавена со природна светлина од француските врати што води кон забавен простор на отворено“ а за кујната вели дека е „волшебна“ и „шармантно пријатна“.

Меган живееше таму две години.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...