Полицијата уште истражува што била причината што го натерала Конор Бетс во неделата да убие деветмина во делот на Дејтон познат по ноќниот живот. Неколку часа пред нападот на Твитер профилот за кој се верува дека е негов, биле забележани лајкови за пукањето во Ел Пасо.
Бетс испукал 41 куршум за неколку секунди, пред да биде убиен, соопштила полицијата.
Тој на својот Твитер напишал „Одам во пекол и не се враќам“.
Поранешни училишни другари тврделе дека убиецот имал листа со имиња на ученици кои сака да ги убие или силува.
Напаѓачот им се заканувал на девојките од кои бил одбиен, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Медиумите пренесуваат и дека еднаш полицијата го натерала да се симне од училишниот автобус. Една од соученичките на Бетс кажала за листата, па нејзината мајка ја контактирала полицијата.
Бетс бил префрлен од едно во друго училиште, но по година дена повторно се вратил во старото.
Тој бил и член на бенд кој свирел музика со насилна и порнографска тематика.
Студирал психологија и себеси се опишувал како личност која „добро работи под притисок. Брзо учи. Многу амбициозен студент“.
ФОТО: Твитер