Монструмот пратил дете да види кој има дома, тоа станало прва жртва, детали од масакрот во Загреб

7744
ФОТО: Фејсбук

Масакрот во Загреб ја шокира цела Хрватска. Игор Наџ убил шест лица, а меѓу нив и 10-годишно момче.

Покрај детето, животот го загубија и свршеницата на Игор, Маја Тојагиќ, нејзината сестра Јосипа, нивните родители и момчето на Јосипа, Давор Паушак.

Прва жртва бил 10-годишниот Пауло, синот на Маја. Убиецот го оставил живо само неговото двомесечно бебе кое го добил со свршеницата.

Наџ го претставувал Пауло како свој син, иако не му бил биолошки татко. Го носел на натпревари и објавувал фотографии со него на социјалните мрежи. Но, тој кобен момент, Наџ го искористил момчето и го натерал да провери дали целото семејство е дома пред да почне со масакрот.

Обвинителството и полицијата и понатаму го бараат мотивот за злосторството.

Еден од соседите последен го видел убиецот пред да започне масакрот, пренесува „Јутарњи лист“.

– Излегов надвор и го видов Игор. Малиот Пауло одеше пред него. Одеднаш истрча до куќата и почна да ѕирка низ секој од прозорците. Тоа ми беше чудно. Светлото беше запалено, а тој не ја викаше ни мајка му, ни баба му, никој. Игор ги држеше рацете кај телото. Го прашав како е бебето, а тој ми одговори со „добро е, напредува. Само јаде и расте“ – рекол соседот.

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...