„Гринпис“: Пожарите во Сибир зафатија 4,3 милиони хектари

73

Рускиот огранок на „Гринпис“ соопшти дека покрај сите напори продолжуваат да горат шумите во Сибир, при што е зафатена површина поголема од 4,3 милиони хектари.

– Од утрово во Иркутската Област на подрачје од 650.400 хектари регистрирани се 132 пожари, петнаесет пожари се локализирани на површина од 13.500 хектари. Во однос на претходниот ден забележани се седум нови пожари, а огнот се прошири за 37.370 хектари – соопшти денеска регионалното одделение на руското Министерство за вонредни ситуации.

Во гаснењето на пожарите вклучени се Службата за заштита на шумите, Министерство за вонредни ситуации и Министерството за одбрана.

Во последните 24 часа авионите исфрлиле над 600 тони вода. Во гаснењето на огнот учествуваат два авиона Б2-200, еден авион Илјушин 76 и шест хеликоптери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...