Тинејџер обвинет за обид за убиство на дете од Франција, го турнал од 10-ти кат во Лондон

143

Британската полиција го обвини 17-годишникот за обид за убиство на шестгодишното момче турнато од 10-ти спрат во лондонската уметничка галерија Тејт Модерн.

Тинејџерот бил уапсен многу брзо откако детето било најдено на 5-от спрат. Тоа е во болница во критична состојба.

Според изјава на полицијата, се верува дека тинејџерот не го познавал момчето.

Тинејџерот бил шизофреничар на кој му било дозволено да излезе од куќата само во придружба на двајца старатели. Неговиот поранешен старател кажал за „Сан“ дека станува збор за висок и силен тинејџер, кој збеснува штом не добива тоа што го сака.

– Тој е и застрашувачки интелигентен. Еднаш заедно гледавме квиз, тој го знаеше точниот одговор на секое прашање – додал поранешниот старател.

Семејството на детето е од Франција, а во Лондон биле како туристи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...