Баерн го сака Бејл на позајмица

206

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен сака во своите редови како позајмен играч да го донесе Герет Бејл од Реал Мадрид, објави шпански „АС“.

Претходно беше објавено дека Велшанецот не е вклучен во плановите на Мадрид за следната сезона и најверојатно ќе го напушти клубот ова лето.

Најверојатната варијанта за негов трансфер се сметаше за кинескиот Ксајан Сунин,  но договорот не се случи.

Исто така постои и опцијата Бејл да се врати во неговиот поранешен клуб Тотенхем.

Баерн веќе изнајми играч од напаѓачката линија на Реал. Две претходни сезони на позајмица за баварскиот клуб играше Хамес Родригез. Ова лето тие не го откупија неговиот договор, а тој се врати во клубот од Мадрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...