Водачот на банда од Бразил се обидел да побегне од затвор така што се маскирал во својата ќерка.
Клаувино да Силва, познат како „Краткиот“, за време на посетите во неделата се облекол како својата 19-годишна ќерка, во тесни фармерки и розова маица со слика од крофна, па ставил долга, црна перика и силиконска женска маска на главата.
Планот бил Клаудино наместо својата ќерка да излезе од затворот Герисино, кој се наоѓа во западниот дел на Рио де Жанеиро, додека тинејџерката останала внатре. Меѓутоа, ваквиот обид за бегство не му успеал.
Стражарите рекле дека го издало тоа што бил нервозен додека се обидувал да излезе надвор. Полицијата истражува дели ќерката на Клаувино учествувала во заговорот за бегството.
Затворските власти објавиле фотографии од маскираниот Клаувино, како и снимка на која се гледа како тој ја вади маската и облеката и го изговара своето целосно име.
Клаудино да Силва бил еден од лидерите на Црвената команда, една од најмоќните криминални групи во Бразил која ја контролира трговијата со дрога во големиот дел на Рио. По неуспешниот обид за бегство Клаувино бил преместен во затворската единица со максимално обезбедување и му следат дисциплинарни мерки, пренесе „Лос Анџелес тајмс“.
FOTO: AP/Jutjub/Skrinsot