Мртов крокодил пронајден под училишен под во Велс

250

Вработени во училиштето „Исгол Гyнрад Гyмраег Бодрингалт“ во велшкиот округ Ронда откриле леш од крокодил закопан под подот на една училница.

Британските медиуми пренесуваат дека се претпоставува оти влекачот некогаш бил изложен за потребите на самото училиште.

Директорот на установата, Нил Пајк, изјави дека приказни за закопан крокодил веќе со десетлетија кружат како урбана легенда, која сега се покажала вистинита.

– Сум слушнал дека родителите и вработените во училиштето го закопале крокодилот под објектот некаде меѓу двете светски војни – раскажува тој.

Прашан што ќе се случи сега со крокодилот, нема прецизен одговор.

– Или повторно ќе го закопаме или ќе го изложиме. Ќе видиме… – додаде Пајк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...