Тие се најосамената генерација во историјата!

Она што е уште потажно е фактот дека 20 отсто од милениумците рекле дека веруваат дека немаат вистински пријатели.

302

Луѓето родени во новиот милениум, по 2000. година, т.н. милениумци, се најосамената генерација во историјата. Најновото истражување на YouGov покажало дека речиси една третина од луѓето на возраст меѓу 22 и 37 години се чувствуваат осамено. Во споредба со нив, 15 отсто од луѓето родени во „бејби бум“ генерацијата рекле дека се чувствуваат осамено.

Она што е уште потажно е фактот дека 20 отсто од милениумците рекле дека веруваат дека немаат вистински пријатели. Дури тројца од десет милениумци рекле дека се чувствуваат осамено.

Психолозите ширум светот потенцираат дека светот се наоѓа во голема опасност од епидемија на осаменост. Изолацијата полека го нарушува менталното здравје, а тоа води до понатамошна изолација и осаменост.

Изолирањето се смета за најголем виновник за зголемениот број на смртни случаи од очај, вклучувајќи фатални опивања со алкохол, предозирање со дрога и самоубиства.

Постарите генерации имале многу помалку средства за комуникациј. Милениумците имаат на располагање разни техноогии кои не само што им овозможуваат да се допишуваат и слушаат, туку и да остварат видеоповик со некого, каде било во светот.

Тука се и социјалните мрежи кои исто така треба да служат за поврзување и комуникација, а сепак сѐ повеќе и повеќе расте бројот на осамени луѓе. На прашањето колку пријатели имаат, најчестиот одговор бил од еден до четворица. Само 6 отсто од милениумците рекле дека имаат повеќе од 50 пријатели.

Најновото истражување покажува дека пријателствата денес не се толку цврсти како некогаш.

„Бејби бумерите“ биле најпријателска генерација. Дури 30 отсто од милениумците рекле дека веќе немаат некој кого го сметаат за најдобар пријател.

За ваквата поразителна статистика научниците ја наоѓаат вината во социјалните мрежи каде луѓето се под постојан притисок бидејќи се споредуваат со другите луѓе.

Препораката е да се зголеми интензитетот на дружења „очи в очи“ и почесто социјализирање со различни кругови на луѓе.

Извор: Б92

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...