Заев: Македонија оди напред, Груевски ти си минато

1490

Македонија очекува препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ, рече премиерот Зоран Заев и најави пролетна економска офанзива во своето обраќање на собраниската седница за интерпелацијата против Владата која вечерва доби поддршка од 62 пратеници.

Премиерот пред гласањето рече дека внимателно ја следел денешната седница за да слушне забелешки но, рече, не слушнал аргументи.

Toj истакна дека Владата наследила тотален колапс,  долг од 280 милиони евра, последици од владеење кои биле закани по системот на институциите.

–  Исправени бевме пред неопходноста од темелни реформи и преобразба, рехабилитација на општеството и државата, а за тоа е неопходно време и вклученост на сите политички фактори. Системот мора да се регенирира од внатре, не може да се случи однадвор – порача Заев кој апелираше на инклузивност и конструктирвност во спроведување на реформите за Република Македонија да биде членка на НАТО и ЕУ, со достоинствен живот за сите граѓани и да биде едно општество за сите.

Заев на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој беше претпоследен говорник, му порача дека е минато.

-Груевски, Македонија расчисти со тебе. Затекнавме општа катастрофална состојба, ограбена држава. Наследивме тотален колапс, блокирани институции. Имаме наследени ситуации со сериозни коруптивни и штетни договори, за Скопје 2014 имаме наследен долг од 280 милиони евра, ако го раскинеме договор ќе треба да се плати 480 милиони евра. За некои од проектите се најде начин да бидат прекинати, но за некои бевме ставени пред свршен чин. 280 милиони евра се околу 70 отсто за капитални инвестици за оваа година, уште неколку десетици милиони евра за неплатени долгови – потсети Заев.

Тој додаде дека за 10 месеци, државата е пред потпишување на вкупно 18 договори со инвеститори, со 10 веќе се потпишани без ниту еден потрошен денар за маркетинг. Се преговара со близу 200 компании.

-Македонија нема да биде земја со мизерна плата за да се привлекуваат странски инвестиции. 90 илјади граѓани добија покачување на платата со законот за минимална плата со што се покачи и просечната плата. Со враќање на евтината тарифа граѓаните заштедија 11,4 милиони евра пари, тоа се пари што останаа кај граѓаните на Македонија – додаде премиерот Зоран Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...