Апел за спас на млад штрк се шири по Фејсбук. Станува збор за штрк со скршена нога кој неколку дена се наоѓа во Штип, но мора да се пренесе во Скопје.
„Во зоолошката во Штип е донесен млад штрк со фрактура на ногата. Штркот мора веднаш да се транспортира до ветеринарната станица во Скопје каде веројатно ќе мора да се оперира. Штркот е донесен пред 4-5 дена и доколку набргу не се оперира ќе почине. Сите знаеме дека штркот е со закон заштитена птица, но институциите се неми и не сакаат да помогнат“, пишува во апелот.