По трагедиите во САД, се јави и Обама, алудираше дека најодговорен за омразата е Трамп

275

По трагичните настани викендов во САД синоќа со изјава на Твитер се јави и поранешниот американски претседател Барак Обама.

Во сопштението, иако директно не го именува неговиот наследник, тој алудираше дека најодговорен за расните поделби и омразата во земјата е токму претседателот Доналд Трамп.

– Треба разборито да се отфрли јазикот изустен од кој и да било од нашите лидери што ги потхранува стравот и омразата. Лидери кои ги демонизираат оние со друга боја на кожата или убедуваат дека другите, вклучувајќи ги имигрантите, се закана за нашиот стил на живот, или се обраќаат кон други како кон луѓе од понизок ранг, или имплицираат дека Америка им припаѓа само не одреден тип на луѓе – изјави Обама.

Испрати сочувство до жртвите на нападите и нивните роднини и истакна дека „ниту една друга земја нема масовни пукотници со таква зачестеност како овде во САД. Ниту една друга развиена земја толерира такво оружено насилство како нашата“.

Обама испрати критика до оние кои сметаат дека „построги закони за контрола на носењето оружје нема да ги запрат убиствата“.

– Доказите укажуваат дека тие закони можат донекаде да го запрат убивањето – укажа тој.

Убиецот од Ел Пасо бил мотивиран од омраза кон јужноамериканските доселеници и според Обама „проблематичните индивидуи ја прифаќаат расистичката идеологија и се обврзуваат да вршат насилство во име на супериорност на белата раса“.

Обама претходно повеќепати укажа дека жали оти за време на неговото претседателство не успеал да издејствува закон за контрола на оружјето во САД.

Во Твитер пораката денеска тој укажа дека се додека не се повикаат на одговорност политичарите кои можат да го променат законот, овие трагедии ќе се случуваат и понатаму“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...