За брзо возење исклучени од сообраќај 69 возачи

76

Вкупно 12 сообраќајни незгоди се случиле во Скопје и околината во текот на вчерашниот ден, во кои со телесни повреди се здобиле пет лица, а со тешки телесни повреди две.

Според информациите на СВР Скопје, и вчера бил висок бројот возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак – дури 69. Исклучени од сообраќај вчера се и 15 возачи, од кои дури 12 воопшто немале возачка дозвола, еден управувал под дејство на алкохол, а двајца биле возачи почетници.

Полицијата од сообраќај исклучила и 10 нерегистрирани возила.

За непрописно паркирани моторни возила се издадени 44 казни, додека „пајакот“ подигнал 50 возила.

Дваесет и осум возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило, 10 не носеле сигурносен појас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...