Бесплатен интернет пред „Света Софија“ и на кеј „Македонија“ во Охрид

Според соопштението од Општина Охрид, на тој начин посетителите, туристите и сите гости во градот ќе имаат можност бесплатно да користат „Wi-Fi“ поврзувањето со цел да им се овозможи добивање информации за туристичка понуда, календар на настани, манифестации, новости и услуги на градот.

221

Согласно Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид, поставена е опрема и пуштен е во употреба „Hot Spot“ односно бесплатно поврзување на Интернет на уште две нови локации во градот, поточно пред црквата „Света Софија“ и на кеј „Македонија“ во Охрид.

Минатата година такви места со бесплатна конекција на Интернет беа поставени на плоштадите „Св. Климент Охридски“ и „Крушевска Република“, како и кај локалитетот „Плаошник“.

Според соопштението од Општина Охрид, на тој начин посетителите, туристите и сите гости во градот ќе имаат можност бесплатно да користат „Wi-Fi“ поврзувањето со цел да им се овозможи добивање информации за туристичка понуда, календар на настани, манифестации, новости и услуги на градот.

Од Секторот за туризам и локален економски развој изразуваат благодарност до Н.У. „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид“, како и МПЦ-Охридска архиепископија за соработката околу поставувањето на интернет опремата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...