МКД: Заев и Рашковски не потпишале Меморандум за соработка со Боки 13-ка

1429

Владата, премиерот Зоран Заев и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски немаат потпишано меморандум за соработка со Меѓународниот сојуз, се вели во одговорот на владиниот портпарол на прашањето на МКД.мк по изјавата на Бојан Јовановски дека било договорено да се потпише таков документ.

Како што наведува МКД.мк, во јули 2017 година Бојан Јовановски ги информирал членовите на Меѓународниот сојуз дека имал официјална средба со премиерот Зоран Заев, со кого се согласиле за некои конкретни проекти, дека е договорена директна соработка и директна поддршка, а првиот меморандум за соработка Меѓународниот сојуз ќе го има токму со Владата на Република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...