Ријана јавно удри по Трамп: Во оваа земја е полесно да се набави калашников отколку виза! ФОТО

Неговата објава на Твитер разбесни дел од јавноста, вклучувајќи ја и една од најголемите планетарни ѕвезди, Ријана (31).

927
ФОТО: Инстаграм

Американскиот претседател Доналд Трамп (73) ги осуди двете масовни пукања, во Охајо и Тексас, во кои биле убиени најмалку 29 луѓе во текот на викендот, велејќи дека за „омраза нема место“ во Соединетите Американски Држави.

„Пукањето во Ел Пасо, во Тексас не е само трагично, туку е доказ на кукавичлук. Знам дека стојам со секој во оваа држава и го осудувам чинот на омраза. Не постои причина или изговор кој некогаш ќе оправда убивање на невини луѓе…“, напишал Трамп на својот Твитер-профил.

– Ќе се позанимаваме со тој проблем… – им рекол Трамп на новинарите во Њу Џерси и додал дека разговарал со државните обвинители, директорот на ФБИ и членовите на Конгресот, како и дека во текот на денот повторно ќе се огласи по тоа прашање.

Трамп укажал на проблемот на менталните болести во САД оценувајќи дека напаѓачите „се навистина многу сериозно ментално болни“, а додал и дека проблемот со пукањето трае со години и дека тоа мора да запре, пренесува АП.

Меѓутоа, неговата објава на Твитер разбесни дел од јавноста, вклучувајќи ја и една од најголемите планетарни ѕвезди, Ријана (31).

Таа се огласила јавно, на својот Инстаграм-профил, без задршка критикувајќи ја пораката која американскиот преседател им ја испратил на луѓето.

„Уф… Доналд. Погрешно сте напишале „терористички напад“! Вашата земја беше погодена од два терористички напади еден по друг, неколку часа откако беа убиени речиси 30 невини луѓе. Еден ден по уште еден терористички напад во Калифорнија, на терористите им беше овозможено сосема легално да купат пушка (АК-47) во Вегас, потоа со часови да вози до фестивалот за храна во Кали, усмртувајќи шест луѓе вклучувајќи и бебе“, му порачала Ријана.

„Замислете свет каде што полесно е да се набави АК-47 отколку виза! Замислете свет во кој се гради ѕид за чување на терористите во Америка!!! Мои молитви и најдлабоко сочувство до семејствата и саканите на сите жртви и заедници кои се погодени и истрауматизирани, од Тексас, Калифорнија и Охајо. Жалам поради вашиот губиток! Никој не заслужува да умре на тој начин! НИКОЈ!“, потресена порачала пејачката.

Rijana, Donald Tramp

FOTO: Prinstkrin: Instagram/badgalriri

Patrick Crusius, Tramp, el paso

 

FOTO: Printskrin/Patrick Crusius

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...