Апелација потврди: Затвор од 7,5 години за дедото на Тамара кој пукаше кон Никола Тодоров

476

Апеалциониот суд во Скопје ја потврди пресудата против дедото на малата Тамара од Велес, за кривичното дело „убиство“ поради настанот кога тој пукаше кон поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Со пресудата која второстепениот суд ја потврди, дедото на Тамара е осуден на седум години и шест месеци затвор.

Стојановски пукаше во Тодоров непосредно пред тој да ја предаде должност на новиот министер Арбен Таравари на 1 јуни минатата година.

За поседување на оружје му беше одредена казна затвор од една година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...