Со торта прославен 59. роденден на Охридско лето

500

Со торта и роденденска песна заедно со љубители на уметноста, пријатели на Фестивалот и врвните гитаристи Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, кои имаа незаборавен концерт на Античкиот театар, „Охридско лето“ синоќа го прослави својот 59-ти роденден.

Фестивалот „Охридско лето“ својот почеток го бележи со концерт одржан на 4 август во далечната 1961 година, со настапот на оперската певица Ана Липша Тофовиќ.  „Охридско лето“ се одржува секоја година од 12 јули до 20 август, а од 1994 година Фестивалот е редовен член на Европската асоцијација на фестивалите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...