Антикорупциска ќе го испитува имотот на Василевски кој купи стан којшто Јанева не го замрзна

1799

Антикорупциската комисија ќе го испитуа имотот на неодамна разрешениот директор на МЕПСО, Сашо Василевски.

Предметот антикорупционерите го отворија на денешната седница.

Отворањето на овој предмет доаѓа откако беше објавена сторијата дека додека Василевски беше на директорската позиција, купил стан од осомничен во случајот „Поштенска банка“ на СЈО три дена пред Катица Јанева да даде налог за замрзнување на имот.

Станот, како што објави новинарот на А1он, Васко Маглешов, е од 109 метри квадратни, а бил купен од гевгелиската фирма „Бетон Дооел“, сопственост на Томе Главчев, еден од осомничените во случајот на СЈО. Зделката била направена 17 дена по отворањето на истрагата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...