Антикорупциската комисија на денешната седница отвори предмет за тендерот за инсталација на АТМ систем за управување со воздушен сообраќај и улогата во него на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.
Антикорупционерите денеска одлучија да ја испитаат и дивоградбата во Охрид за дел од пицеријата на советникот од ДУИ во општинскиот совет, Нефи Усеини.
И дивата платформа на Матка се најдоа пред Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси, па така, денеска падна одлука да се почне постапка за кривично гонење на градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, кој, според антикорупционерите, наместо да го одбие барањето, тој не преземал ништо односно ги чувал во фиока.