Кирацовски за „Рекет“: Брзо ќе се потврди дека високи функционери од СДСМ не се впуштиле во вакво злодело

4789

За пратеникот и поранешен генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, случајот „Рекет“ во кој се осомничени Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, е шокантен. Тој во интервју за Фактор, вели дека тоа е олицетворение на рекет-културата којашто како лоша практика се создала за време на ВМРО-ДПМНЕ.

Кирацовски не верува и дека високи функционери на СДСМ, би се впуштиле во такво злодело.

– Се сомневам дека високи функционери од СДСМ, кои добиле чест од граѓаните и партијата би се впуштиле во вакво злодело. Го тврдам тоа, а и за многу скоро ќе се потврди. Познанството или пријателството е една работа, нечие делување надвор од законите е сосема друга. Никој од сите нас немало ниту што да крие ниту што да манифестира со било кого. Ниту моите колеги, ниту јас сум можел да претпоставам што сѐ наш познаник прави и како тоа се одразува врз нас. Бојан Јовановски имаше средби со стотици поединци, како сопственик на 1ТВ, но и како претседател на Меѓународниот сојуз каде членуваа многу истакнати општественици, честити луѓе. Иако лично не сум бил дел од таа невладина организација, знам дека добар дел од членовите на истата воошто не би ни помислиле на било какви незаконити дејствија – вели Кирацовски.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...