Пајакот отстранил 85 возила во Центар, 97 возила блокирани

132

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на минатата недела санкционираа 182 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 29.07. до 02.08.2019 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 85 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 97 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...