Повторно заедно: Емина и Садетин на одмор од 50.000 евра ФОТО

Садетин изнајмил јахта долга 43 метри, со шест кабини, која ја опишуваат како хотел на вода со седум ѕвездички.

1306

Атрактивната пејачка Емина Јаховиќ и нејзинио љубовен партнер Садетин Саран обновувањето на врската го прославија со луксузен одмор, кое, наводно, чини дури 50.000 евра.

Како што пренесуваат турските медиуми, Садетин изнајмил јахта долга 43 метри, со шест кабини, која ја опишуваат како хотел на вода со седум ѕвездички.

Со популарната двојка на одморот биле и нивните заеднички пријатели.

Славната пејачка и турскиот милијардер се фотографирани заедно, а нивните вљубени погледи кажуваат повеќе од илјада зборови.

Емина се смири со Садетин по пауза од пет месеци.

– Пресреќна сум. Вљубена сум и тоа е мошне емотивно. Конечно ги исполнив сите дупки во мојот живот – изјавила пејачката за српски „Ало“.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...