Екипата на Барселона го победи Арсенал со 2:1 во дуелот за трофејот „Жоан Гампер“.
Натпреварот одигран синоќа на „Камп Ноу“ пред околу 100 илјади гледачи го реши Луис Суарез со гол во 90.минута. Претходно Арсенал поведе преку Пјер-Емерик Обамејанг во 36.минута, а изедначи Мејтланд Најлс со автогол во 69.минута.
Во новата сезона, Барселона на 16 август игра против Атлетик Билбао, додека Арсенал се среќава со Њукасл.
ФОТО: EPA / ANDREU DALMAU