Гори објект на поранешниот „Жито-мел“ во Куманово

214
20160216 Tuesday pozar evn plostad zgrada
Кумановските пожарникари веќе еден час се обидуваат да го локализираат пожарот на еден од објектите на поранешниот „Жито-мел“ на булеварот Октомвриска револуција.
Од кумановската противпожарна единица информираат дека кај нив пожарот бил пријавен во 18.25 часот, по што на интервенција се упатила екипа со едно противпожарно возило.
Од почетокот на годинава оваа е петта интеревнеција на овој објект, кој е познат во Куманово како поранешен млин на „Жито мел“. Во овој објект често може да се забележи стара покуќнина која ја оставаат несовесни граѓани.
Изминативе години често се случуваат пожари на еден од објектите на овој поранешен најголем производител на леб и бели печива.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...