И 24 часа по веста со фотографија што вчера ја објави телевизија Канал 5, дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е на летување на Халкидики, во Ханиоти, СЈО се уште не соопштило ништо официјално со тоа каде е Јанева.
Анонимен гледач на Канал 5 до телевизијата вчера ја испратил фотографијата, за која тврдел дека е направена истото попладне на една плажа на првиот крак, во познатото излетничко место Ханиоти.
Специјалната обвинителка во оставка е актуелна последните две недели во врска со скандалот „Рекет“.