Ја задавила мајка си поради кавга за пари

Судот ѝ определи 30-дневен притвор на ќерката што ја вчера ја задави мајка си во скопски Карпош и потоа сама отиде во полиција за да се пријави. Основното јавно обвинителство Скопје против неа отвори истрага за убиство.

2019

Основниот кривичен суд Скопје на предлог на јавен обвинител и одреди 30-дневен притвор на 46-годишната А.И. од Скопје која вчера ја задавила својата 74-годишна мајка во нивниот дом во скопско Тафталиџе и потоа самата се пријавила во полициската станица Карпош.

Таа рекла дека ја убила мајка си поради меѓусебни несогласувања и расправии заради финансиски средства.

Телото на 74-годишната жена со наредба на јавниот обвинител е предадено за обдукција. Во исто време, издадена е наредба за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...