Секој граѓанин, ако од него полициски или царински службеник побара мито, да го пријави случајот во МВР, апелира денеска портпаролот, Тони Ангеловски.
– Нашиот Оддел за внатрешна контрола веднаш ќе реагира. Заедно да ги сузбиеме овие несакани појави. Ние преземаме мерки против сите службеници. Минатата недела имавме акција против царински службеници, сега имаме за полициски службеници. Полицијата продожува со конктунирани проверки – изјави Ангеловски, информирајќи за денешното приведување на петмината полицајци од ГП „Богородица“.
Ангеловски, како што претпладнево соопшти МВР, рече дека кај петмина полициски службеници од граничниот премин „Богородица“ се пронајдени и одземени денари и девизи во износ од 822 евра, како и алкохолни пијалоци. Тие се приведени и задржани во СВР Струмица, по што во текот на денот заедно со доказниот материјал ќе бидат предадени на надлежниот јавен обвинител.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди дејствувал по добиени оперативни сознанија за незаконито постапување на полицајците.
Портпаролот на МВР информира и за 45-те мигранти кои вчера полицијата ги пронајде во два наврата.