Ибраимоски: Жалам, што немам бел коњ да го донесам Субрата Рој

1255

Пратеничката Лилјана Кузмановска на седницата за гласање недоверба на Владата, се обрати кон ексминистерот за странски инвестиции, Самка Ибраимоски, велејќи дека ниту една странска инвестиција не донел во Македонија.

Ибраимоски одговори:

„Колешке Кузмановска, многу сте загрижена за економијата, само едно жалам, што немам еден бел коњ да отидам во Индија да го донесам Субрата Рој. Јас ви кажував дека се работи за човек „О преваранти“. Сите ме правеа будала, јас ви го кажав, но кога го видов во елече и кратки кошули, се знаеше дека е „О преваранти“.

Ние Ромите ретко грешиме две работи, во парите и во љубовта, едното го имаме а парите ни недостигнаат. На оваа земја и недостигнаат и двете работи, сите треба повеќе да ја сакаме оваа земја, со многу работа да ја средиме државата.

Со Ставревски дискутиравме и со вас, кога ви кажував колку е задолженоста на Македонија, секогаш се служеше со трикови, да потсетам дека државниот долг беше некаде околу 50 отсто бдп. Цело време манипулираше со бројките. Долгот на Народната банка еднаш го прикажуваше другпат не го прикажуваше.

Меѓутоа разликата на оваа влада и минатата е многу голема, оставивте многу патишта, дупки, ги погазивте граѓаните на Република Македонија. Крадевте пред буџет, крадевте и после буџет.“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...