Фатени 45 мигранти од Авганистан, Пакистан и од Бангладеш

331

Во два одвоени случаи полицијата вчера пронашла 45 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш.

Полициски службеници вчера во 18:40 часот, кон патниот премин „Табановце“ после бензинската пумпа на автопатот, кај мостот, забележале комбе „ивеко“ со струмички регистарски ознаки управувано од И.Н.(35) од Гевгелија. При преглед на возилото, како што е наведено во полицискиот билтен, биле пронајдени 21 мигрант, сите од Бангладеш. Возачот бил приведен и заедно со мигрантите однесен во СВР-Куманово за натамошна постапка.

На автопатот помеѓу двата тунела од Гевгелија кон Демир Капија, синоќа во 20 часот, полициски службеници запреле товарно моторно возило „фиат дукато“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.К. (37) од Велес.

Полицајците го привеле возачот, а во непосредна близина на возилото биле пронајдени 24 мигранти од Авганистан, Пакистан и од Бангладеш.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...