Два објекта, една куќа и една плевна, изгореа во пожари во Шипковица и Горни Челопек. Повредени нема, причинета е само материјална штета.
Како што информира командантот на тетовската противпожарна единица Ука Алити, едниот пожар избувнал вчера, а другиот рано утринава.
-За пожарот во Шипковица е пријавено околу 15 часот. На интервенција заминаа пет пожарникари со две возила. Во куќата живееше петчлено семејство – изјави Алити.
Пожарот во Горни Челопек е пријавен ноќеска во 01 часот. Во објектот кој се користел како плевна за чување добиток и сточна храна е интервенирано со пет возила и седум пожарникари.