Џонсон губи во Велс по само десет дена власт

1752
Photo: EPA / ANDY RAIN

На регионалните избори во велшката покраина Брекон енд Радношир конзервативците завршија на второто место зад проевропските либерални демократи забележувајќи пад од 10 отсто.

Со ова парламентарно мнозинство на новиот британски премиер Борис Џонсон се сведува на еден човек и дополнително му ја отежнува тешката задача, да го спроведе брегзитот до 31 октомври и да ја обедини поделената нација. Всушност, само една недела по доаѓањето на власт, новиот британски премиер може да се соочи со нови избори.

Аналитичарите го толкуваат овој пораз на Ториевците како силна порака од велшките гласачи до Џононсон, кој ја турка Велика Британија во правец на Брегзит без договор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...