Богоев: Не сум отуѓил ниту една парцела за идеите на Боки 13

704

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, тврди дека не отуѓил ниту една парцела за идеите на осомничениот во аферата „Рекет“, Бојан Јовановски Боки 13. Засега јавноста единствено потписот на Богоев го виде на меморандумот за соработка со невладината на Боки 13, објави Телма.

-Ништо нема апсолутно, ниту предлог, ниту парцела има, ниту детален план, нема ниту иницијатива за промена на ДУП, буквално ништо, не постои таква работа во Општината – вели Богоев за Телма.

Телевизијата објави дека им се губи трага на 233 илјади евра кои компанијата „Дрим билдинг“ Струга ги префрлила на потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ, преку авторски договор. Мандиќ е недостапна, а последната информација е дека фирмата од Струга заради неисполените обврски во договорот до кој стаса Телма си побарала назад 350 илјади евра со се пресметени казнени пенали.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...