Скопјанка ја задавила мајка си, па се пријавила во полиција

2083

Скопјанка на возраст од 46 година, утрово во полициската станица Карпош пријавила дека на улица Ристо Равановски во нивниот дом со давење ја убила нејзината мајка В.И. (74), информираат од МВР.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и во домот затекнале починато лице, а лекар од Итната медицинска помош констатирана смрт.

По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција, а А.И. е задржана во полициска станица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...