Поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, се огласи по повод денешниот празник и честитајќи го Илинден тој порача дека Македонија не е личен имот, та некој да ја распородава.
„Републиката е на народот, бидејќи од него извира сувереноста и во него се слева сувереноста. Република Македонија не е приватна сопственост та некој да тргува со неа, со нејзините атрибути и вредности. Република Македонија не е личен имот та некој да ја распродава. Република Македонија не е ничија земја, та секој да ја присвојува. Република Македонија му припаѓа на народот кој ја создал. Слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано“, пишува Иванов во честитката.
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI