Меган Маркл кон крајот на оваа година на пазарот треба да лансира сопствена линија на облека.
За да ја издаде колекцијата таа се здружила со брендот „Jugsaw“, британскиот ланец Marks & Spencer и John Lewis, пренесува INSIDER.
Веста е потврдена и од кралското семејство и лично од војвотката во изјава за „Вог“.
Дел од заработката, Меган ќе ја донира на здружението „Smart Works“, кое им помага на невработените и ранливи жени повторно да се вработат.
Како што пишуваат британските медиуми, војвотката се решила на ваков чекор веројатно поради „Ефектот Меган Маркл“ кој започна од нејзината кралска венчавка и до денеска го „коси“ модниот свет низ цела планета.
„Сите парчиња облека, исти или слични, како оние што ќе ги облече војвотката, со неверојатна брзина ги снемува од рафтовите во бутиците веднаш штом ќе излезе нејзината фотографија“, пишуваат медиумите.
ФОТО: EPA / ANDY RAIN