Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од потпретседателот Александар Николоски, денеска беше во Крушево. Тој во изјава за медиумите рече дека утрово биле спречени да положат цвеќе во споменикот Македониум на гробот на Никола Карев.
Николоски посочи и оти не била испочитувана традицијата, опозицијата да седи во првиот ред.
Во исто време сакам да истакнам дека почитувајќи го големиот национален празник делегација голема на ВМРО-ДПМНЕ, како што гледате позади мене, е тука да оддаде почит, но очигледно на власта не ѝ се допаѓа постоењето на ВМРО-ДПМНЕ и затоа утрово бевме спречени да положиме венец на споменикот Македониум на гробот на Никола Карев, а исто така ни беше оневозможено да се упатиме и кон Слива и моравме во приватна организација да одиме на двете места. Доаѓајќи овдека очигледно од организирани партиски луѓе, исто така, не бевме удостоени со соодветен пречек и првпат се наруши традицијата која што секогаш била а тоа е опозицијата да е во првиот ред на прославувањето на Илинден – рече Николовски.
Тој рече дека на програмата која ја добиле било предвидено церемонијата со положување цвеќиња да започне во 9 часот.
– Намерно го поместиле за во 8.30 часот, без да не информираат, а после тоа бевме спречени од полицијата со образложение дека ниту едно возило надвор од возилата околу премиерот не смеат да се движат. Ниско, долно и немам друг збор кој што можам да го употребам – рече Николовски.
Новинарите го прашаа и зошто не аплаудиран на говорот на премиерот, а тој посочи дека не може затоа што го променил името, ја опустошил економијата итн. Максимум што можам, рече Николоски, е да го игнорирам.