Коѕијас ќе вечера во Охрид

376

Грчкиот шеф на дипломатијата,  Никос Коѕијас, попладнево слета во Охрид со грчки владин авион.

Вечерва тој ќе има работна вечера, а официјалната средба е закажана за утре во 9 часот во Охрид. Очекувањата се дека утрешната средба може да ги приближи ставовите околу спорот со името.

Од Министерството за надворешни работи велат дека се очекува нова рунда на тешки разговори, но дека остануваат оптимисти дека ќе се најде достоинствено решение.

Средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција е една недела пред објавување на новиот извештај на Европската унија за напредокот на Македонија.

И македонскиот премиер, Зоран Заев неколку пати кажа дека е оптимист за преговорите.

Инаку, Коѕијас на денешната средба со неговиот српски колега Ивица Дачиќ во Белград истакна дека спорот за името со Македонија може да се реши со компромис кој ќе го направат двете страни за што веќе е направен чекор напред.

Тој е на балканска турнеја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...