Јапонците ќе вкрустуваат луѓе со животни за да одгледуваат вештачки органи

485
ФОТО: EPA / KIMIMASA MAYAMA

Јапонски научници ќе создадат хибрид на човек и животно во ембрионална форма со вметнување човечки клетки во ембриони на глувци и стаорци. Научниците добија таква можност  откако јапонските власти ги укинаа законодавните ограничувања за истражување во областа.

Се претпоставува дека научниот напредок во таа област ќе помогнат во одгледување  вештачки човечки органи, објави Индипендент. Соопштеное е дека дел од експериментите ќе бидат спроведени на Универзитетот во Токио.

Поддржувачите на проектот, предводени од познатиот генетичар Хиромико Накаути, веруваат дека тоа би можело да биде првиот важен чекор кон култивирање органи, што потоа би можеле да биде трансплантирани кај луѓе.

Сепак, критичарите на таквата иницијатива тврдат дека научниците решиле „да си играат Бог“. Тие веруваат дека човечките клетки можат да се најдат надвор од целните органи во телото на животното и дека тоа може да создаде суштество кое ќе биде половина човек и половина животно.

ФОТО: EPA / KIMIMASA MAYAMA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...