МАСАКАР ВО ЗАГРЕБ Шесткратно убиство во едно семејство, преживеало само 7-месечно бебе

436

Во населба во Загреб синоќа околу 21.30 часот се случи шесткратно убиство во кое се убиени двајца мажи, три жени и 10-годишно дете. Тоа го соопшти утрово загрепската полиција.

Претходно, локални медиуми јавуваа за четири убиени деца.

Преживеано е само седуммесечно бебе кое не е повредено.

На местото на масакрот се уште се врши увид, јавија загрепски медиуми.

Убиецот според полицијата, извршил самоубиство. Локалните медиуми јавија дека можна причина за убиството е семејно насилство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...