Утрово се случила тешка сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар во која се судриле неколку три возила, а пет лица се повредени.
Во несреќата учествувале три возила, „цитроен“ со скопски регистарски таблички, „мерцедес“ со британски таблички и „рено меган“ со тетовски регистарски ознаки, информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово.
– Од повредените пет, три се деца, а две женски лица. Сите се полесно повредени но се однесени во тетовската клиничка болница за да добијат лекарска помош. Поради сообраќајката извршен увид од страна на стручните служби на СВР Тетово и јавен обвинител што резултира со застој во сообраќајот на автопатот кон Гостивар. По два часа околу 9 часот сообраќајот е нормализиран – информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот се пренасочува по регионалнот пат од петла Боговиње кон петла Пирок.
ОБНОВЕНО:
Од 9 часот сообрачајот е нормализиран.